Posts

„Официјално: Од утре сите стануваме милионери!“

Image
 „Драги пријатели, Имам голема вест! 😱 Од утре сите што ќе ме следат ќе добијат по 10.000 евра на сметка 💸💸 Сѐ што треба да направите е: Да верувате во чудо Да ми пишете „ПАРИ“ во коментар Да не заборавите кој ден е денес 😏 Среќен 1ви Април! 😂🃏 (Ако поверувавте… време е за кафе ☕)“ Значи за 1ви април решив да се „разубавам“… и тамам си успеав 🤡 Прво си ставив две огромни очи… не знам од каде ги најдов, ама сега гледам во 3 правци истовремено 👀 После си ставив топка сладолед на носот 🍨 (добро, можеби не е сладолед… ама изгледа вкусно 😂) Си залепив и јазик што виси надвор… затоа што очигледно не знам да си ја држам устата затворена 🤪 Па си ставив шарен шешир… за да изгледам како да сум избегала од циркус 🤡 И тамам кога мислев дека сум готова… си реков: „НЕ, уште малку глупост треба!“ Па сега изгледам како: кловн + бонбона + некој што изгубил контрола над животот 😂 Ама најјако е што: или луѓето се смеат или ме гледаат чудно или ме избегнуваат ш...

Едукативно видео

  https://youtube.com/embed/X82e9fhcbKk?si=p9ejkqkn-UFo-PSd

Малку повеќе за нашите училишни активности

Ова видео е поврзано со тест и ќе ви помогне подобро да ја разберете темата. Во иднина ќе има уште вакви содржини поврзани со тестови и учење. Следете за повеќе вакви видеа и објаснувања.
 За повеќе информации притисни ТУКА !
Image
  Техничар за очна оптика е образовен профил од струката лични услуги. За време на четиригодишното образование учениците од профилот техничар за очна оптика се стекнуваат со знаења од општообразовните предмети, стручните предмети (се изучува окото и видот од неколку аспекти – медицински и оптички), практични знаења и вештини. На тој начин учениците стекнуваат посебна одговорност за грижата на човекот и здравјето на окото, се запознаваат со општите начела и правила на техничарот за очна оптика како и сите улоги што ги има тој и правилниот однос кон клиентот. По завршувањето на образованието учениците од профилот техничар за очна оптика имаат можност да се вработат во очни оптики. Исто така можат да го продолжат своето образование на факултетите за медицински науки. Практичната настава започнува во втора година и истата се изведува во специјално опремен кабинет од доменот на очната оптика.